Строл открива: Шумахер е мој херој

Ленс Строл откри дека легендарниот германец, Михаел Шумахер бил негов херој кога ги гледал Формула 1 трките во домашната канада на автодромот Жил Вилнев.

Младиот возач изјави дека токму Црвениот барон го инспирирал и го навлекол на тркањето кога бил само гледач.

ништо не е подобро од домашна трка. јас сум роден во монтреал, пораснав таму и оваа трка секогаш е посебна за мене.

кога бев дете, големата награда на канада беше трка на која одев со татко ми. се сеќавам дека бев 5-6 години кога михаел шумахер победуваше и тој беше мој херој – се присетува ленс.

Возачот на Рејсинг Поинт нема добар почеток на сезоната и во моментов е на 14то место во возачкиот поредок, но се надева дека домашната публика ќе го понесе и ќе стигне до добар резултат викендов.

формула 1 трката е голема работа во монтреал. возбудата се чувствува во градот цела недела и јас навистина уживам во таа атмосфера. канаѓаните ја сакаат формула 1 и тоа е своевидна традиција во градот.

целиот викенд е како еден вид фестивал и јас добивам огромна поддршка од фановите. да се видат канадските знамиња на трибините и да се знае дека сите те поддржуваат е многу посебно чувство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ