Строл сака тимот да се фокусира на сегашноста

Ленс Строл смета дека Рејсинг Поинт мора да се фокусираат на подобрување на сегашната позиција во поредокот пред да се насочат кон она што следува во иднина.

Тимот од Силверстон не е на висина на задачата сезонава и се наоѓа на 8мо место во поредокот, еден поен зад Алфа Ромео. Розевите болиди завршуваа во поени во текот на првите четири трки од сезоната, но по Баку имаа само два топ 10 пласмани, а најдбриот пласман беше 4то место на Ленс на Хокенхајм.

не сме онаму каде што сакаме да бидеме, но во овој спорт има многу непознаници. нема сигурни работи, јасно е дека останатите напредувале во текот на првиот дел од сезоната и некои од нив успејаа да се подобри од нас за неколку десетинки. тоа е што е и мораме да се вратиме во игра – најави строл.

Крајот на летната пауза е периодот кога најголем дел од екипите решаваат својот фокус да го свртат кон следната сезона и новите болиди. Но, Ленс смета дека тимот пред се треба да биде посилен во вториот дел од првенството, а потоа да се фокусира на 2002 година.

апсолутно треба да се фокусираме на сегашноста и што можеме да направиме за да напредуваме пред се. ќе видиме што носи иднината откако че го тргнеме фокусот од остатокот на сезоната, но мораме да имаме најдобар болид за вториот дел од првенството.

има уште многу трки до крајот на 2019 година, сезоната е далку од завршена и мораме да искористиме се што ќе ни се укаже.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ