Строл фрустриран од стратегијата

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл, изјави дека е фрустриран што заврши на 13то место во Британија сомневајќи се во стратегијата со двезастанувања која тимот ја применил кај него.

Канаѓанецот беше надвор од поени кога беше повикан во боксот да ги промени дотрајаните хард на нови црвени софт. Се врати на 14то место, но надомести само едно до крајот, минувајќи го Џорџ Расел со неконкурентниот Вилијамс.

одработивме стратегија со две застанувања, а останатите со едно, оние со кои се борев, квјат, раиконен… бев пред квјат на 15 кругови пред крајот, но кај него гумите издржаа.

пред да застанам бев удобен и задоволен со ритамот и не знам која беше целта да се застане по нови квалификациски софт гуми по што паднавме во поредокот.

предната лева гума не беше добра, но и кај другите беше проблематична, така што фрустриран сум со крајниот резултат – објасни строл.

Отмар Шафнауер, шефот на тимот, објасни зошто верувал дека гумите н Ленс нема да издржат до крајот, поради што бил приморан да ги промени.

трката му беше загрозена со еден остаток од нечија кацига кој заглави во предниот десен дел од сопирачката. температурата нагло се зголеми и моравме рано да го внесеме во боксот. потоа едно застанување беше тешко изводливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ