Танабе горд на одличниот резултат

Техничкиот шеф на Хонда, Тојохару Танабе го пофали одличниот резултат на јапонскиот производител на последната трка во Германија на која тие стигнаа до втората победа сезонава, а имаа и 3то место со Даниил Квјат од Торо Росо.

Тој е презадоволен од најдобриот резултат за Хонда во турбо хибридната ера.

апсолутно фантастичен резултат со втората победа сезонава со макс верстапен, дополнето со одличниот даниил квјат кој донесе двајца возачи со мотор на хонда на подиумот – појасни танабе.

Тој ја пофали и стратегијата на екипите како и возачите кои не направиле грешки и излегле побрзи од своите ривали.

многу тешка трка затоа што условите цело време се менуваа, беше мокро па суво, а резултатот е поради фантастичните возачи, стратегиите и тимовите кои одлично работеа при промената на гуми. хонда е горда на сите нив.

Тојохару ги пофали Торо Росо за безгрешната работа со гумите и стратегијата кој им го донесе подиумот како награда.

по победата со ред бул во австрија задоволство е што и торо росо дојдоа до подиум и ни помогнаа да го надополниме успехот. малку ќе спавиме, а потоа размислуваме за следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ