Тафин: После Канада тимот е уште подобар

Техничкиот директор одговорен за моторите во Рено, Реми Тафин, изјави дека по резултатот во Канада тие се презадоволни од нивниот пакет.

Даниел Рикардо стартуваше од 4то место, но заврши на 6та позиција, а зад него беше и тимскиот колега Нико Хулкенберг. Тоа донесе двојни поени за екипата прв пат сезонава.

Претстојниот викенд е трката во Франција која е домашна за Рено, а Тафин верува дека тимот има шанса да докаже колку е конкурентен и да се помести на четврта позиција кај конструкторите.

Канада е патека каде е важен моторот, а ние имавме одлични перформанси. За прв пат оваа сезона целиот наш пакет работеше како што треба.

Сега повторно имаме шанса во Франција да се докажеме на домашен терен. работиме напорно да се подобриме и да се вратиме на 4та позиција – најави тафин.

Французинот верува дека моторот има потенцијал и во наредните трки ќе се покаже тоа, а проблемите со издржливоста се веќе решени.

Знаевме дека имаме перформанси од почетокот, Но имавме доста работа во текот на зимата и потоа имавме инциденти на првите две трки. Покажавме дека знаеме да реагираме на проблемите.

Со надградбите од Барселона спречивме проблеми што многу не чинеа. Имаме добра основа и очекувајте повеќе од нас.

За Тафин резултатот од Канада е поттик за тимот и ги зголемува надежите за силни перформанси и резултат.

Кога возите трка дома, ја чувствувате атмосферата на луѓето и сте горди. Во исто време имате дополнителна мотивација и малку притисок.

на страна на моторот, барањата на патеката се слични како во Канада но има повеќе средни и брзи свиоци. Тоа треба да се земе во предвид кога го подесувате болидот.

Нашиот пакет покажа дека може да се справи со долги правци и големи зони на кочење. Целта на моторот е да биде што подобар и да му овозможи на тимот да ја поправи шасијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ