Тафин смета дека Ф1 ќе троши гориво и по 20 години

Одговорниот за мотори во Рено, Реми Тафин, верува дека Формула 1 ќе троши гориво и следните 20 години и покрај насоката на автомобилската индустрија кон автомобили на електрична енергија.

Формула Е станува се поатрактивна серија, а и Формула 1 има Систем за повраток на енергијата што го прави моторот хибриден. Но, Тафин смета дека спортот ќе остане зависник од октаните.

секако дека сакаме да ја направиме формула 1 колку што може позелена, но главна тема во формула 1 се перформансите и за сега електричен автомобил е многу послабо ефикасен одошто мотор со внатрешно согорување – изјави тафин за француски Le Figaro.

Реми смета дека дека најголем проблем за електричните автомобили се батериите, односно нивната тежина.

за да еден болид биде успешен, тој мора да биде лесен, а денешните хибриди се многу тешки и тоа е голема пречка. клучен проблем во моментов е тежината.

за патничките автомобили има таргети за намалена потрошувачка и со тоа загадување, поради што има интерес во електричната енергија како погонско гориво.

но, формула 1 е различна, тука се работи за време по круг и за чисти перформанси. формула 1 мислам дека ќе користи гориво и по 20 години, а за транзиција кон електрична енергија ќе треба многу време. инженерите секогаш наоѓаат решение, но прашање е кога – завшри тафин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ