Тестот е важен за подготовката на Латифи

Николас Латифи смета дека имал продуктивен тест ден за себе и тимот откако изврте 133 кругови на патеката Барселона – Каталуња.

Тој во моментов вози во Формула 2 шампионатот и победи на 3 од 6 трки од почетокот на сезоната, а ќе учествува на две тренинг сесии за Вилијамс, и тоа на трките во Канада и во Франција.

Иако заврши на дното на табелата во однос на времињата по круг, канаѓанецот смета дека имал позитивен ден, а денес повторно ќе се најде зад воланот како подготовка за слободните тренинзи сезонава.

Имав продуктивен ден со многу кругови. Сесијата беше одлична и ја завршивме нашата програма и покрај црвеното знаме.

Вакви денови се важни за да го научам болидот и тоа што ме чека на тренинзите. Со нетрпение го чекам вториот ден од тестот.

Дејв Робсон кој е инжинер во Вилијамс е задоволен од перформансите на Латифи и начинот на кој тој комплетирал многу кругови во моменти кога тимот се подготвува за трката во Монако за две недели.

Продолжува каде што застана во Бахреин и има доста силни резултати во Формула 2. Со 133 кругови тој ја заврши програмата додека ние правевме проценка на новите делови и подготовка  за Монако.

Денес тестиравме на Ц2 гуми што се опција за трката. Утре не чека нов тест со повеќе компоненти додека продолжуваме со нашата програма и подготовките на Николас за тренинзите во Канада и Франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ