Тест, Шпанија, ден 1: Ботас и Мерцедес најбрзи

Валтери Ботас го заврши првиот тест ден на врвот од табелата како најбрз додека возачот на Алфа Ромео, Калум Илот помина неповреден по жестокото излетување во третиот свиок.

Денеска запона дводневниот тест на патеката во Барселона каде тимовите ќе го имаат прв сезонски тест.

Финецот од Мерцедес беше најбрз со време од 1,15.511 на Ц5 гуми што е слично со неговата пол позиција. Сепак неговото време од пол позицијата беше извозено на Ц4 гуми.

Сесијата беше прекината по излетувањето на возачот на Алфа Ромео. Возачот Калум Илот е дел од Ферари академијата и за прв пат го проба болидот на Алфа Ромео и излета во третиот свиок и удри во заштитната ограда. Тоа е истото место каде Себастијан Фетел излета на предсезонскиот тест.

Британскиот возач помина неповреден но болидот беше оштетен. Откако се врати во гаражата од тимот одлучија да го откажат тестот за денес.

Ботас изврте 131 ден до крајот на денот. Зад него беше Шарл Леклер од Ферари со време 1,16.933. Даниил Квјат беше трет со Торо Росо и изврте 121 круг. Нико Хулкенберг со Рено беше четврт со 68 кругови.

Петти е Пјер Гасли од Ред Бул чиј болид се расипа на правецот во текот на пладнето после 118 кругови.

Карлос Саинз беше на 6 позиција со Мекларен по само 64 кругови пред да го даде болидот на Ландо Норис. Британецот изврте само 44 кругови пред и неговиот болид да се расипе.

Пјетро Фитипалди е на 7 позиција со Хаас, само еден ден откако нивниот спонзор Рич Енерџи го изгуби правото на нивното лого. ТОј изврте 103 кругови и негово најдобро време беше 1,18.326. Ник Јелоли го имаше дебито за Рејсинг Поинт со 111 кругови и 8 место.

Себастијан Фетел го возеше Ферарито за Пирели и тестираше нови компоненти. Тој извозе 133 кругови, додека вториот болид за Пирели кој во возеше Серхио Перез од Рејсинг поинт извозе 96.

Илот заврши на 12 позиција на крајот на денот, додека на последната позиција беше Николас Латифи со време 1,20.670 на Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ