Тест, Шпанија, ден 2: Мазепин со деби од соништата за Мерцедес

Никите Мазепин имаше феноменално деби во болидот на Мерцедес откако беше најбрз на вториот ден тестирање во Шпанија со 1.15.775, а згора на тоа имаше и рекорден број кругови во денот, дури 128. Русинот своето најбрзо време го постави со најмеката Ц5 компонента.

Второ време на денот постави Александер Албон од Торо Росо кој беше за 1,3 секунди побавен од Мазепин, времето го постаави на потврдата Ц4 компонента и комплетираше исто така одлични 109 кругови.

Трето време имаше Антонио Фуоко кој со своето Ферари имаше 2 десетинки побавно време од Албон со користење на истата компонента како него и комплетирани 120 кругови.

Следуваше Кими Раиконен со десетинка зад Ферари, а дебитантот на Рено, Џек Аиткен беше следен во поредокот. Кевин Магнусен од Хаас, Даниел тиктум од Ред Бул и Оливер Турви од Мекларен своит времиња ги постигнаа со средната Ц3 компонента, додека Серџо Сете Камара со другиот Мекларен возеше со Ц2, но во тест за Пирели, но мина само 19 кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ