Тиктум се надева на тестови со Ред Бул сезонaва

Дан Тиктум има за цел да тестира за Ред Бул сезонава со цел да се подобри колку што може повеќе пред евентуален влез во тркачката серија следната година.

Лани Дан требаше да го има својот прв тест во Унгарија, но поради тоа што немаше доволно поени на својата суперлиценца, таа можност за него пропадна. Сезоната ја заврши на второ место во Европската Формула 3 серија, победи на трката во Макау со што вкупно дојде до 35 поени на својата лиценца, доволно за да може да тестира и да учествува на петочни тренинг сесии.

Додека чека Ред Бул да му даде шанса со теков болид, Тиктум имаше промоција со РБ7 од 2011 година во Сузука на фестивал за фановите.

викендот беше многу забавен и бев привилегиран што мојот работодавец побара од мене да ги претставувам на шоу така што среќен сум што тоа го одработив како што треба.

се надевам ека ќе добијам можност да го тестирам и рб15 оваа сезона, ништо не е потврдено во моментов, но јас се надевам затоа што тоа би било одлична можност за мене. ќе обидам да си ја вршам мојата работа, да одработам како што треба во супер формула, да ги направам моите шефови среќни за да добијам и други можности сезонава – најави тиктум.

Австралијанецот призна дека многу размислува на влез во Формула 1 итоа трае многу долго така што сезонава сака сета своја енергија да ја насочи на Супер Формула тркањето.

да бидам искрен целосно сум фокусиран на влез во формула 1, нешто на што премногу долго мислам. сите секогаш прашуваат која ќе бидт мојата цел потоа, но јас само сакам да бидам добар во она шо сега го работам и да стигнам во формула 1.

можно е да добијам можност првично во торо росо, а потоа кој знае што ќе се случи. треба само да дадам се од себе. јасно е дека ако добијам шанса во ред бул во иднина ќе можам да се борам за победи и титули што би било неверојатно.

но, во моментов не смеам да се фокусирам премногу на тоа, таа цел може да е години пред мене, а јас секогаш премногу се фокусирам на иднината. поради тоа сезонава ќе се обидам да се фокусирам колку што можам повеќе на супер формула – заврши тиктум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ