Тилке признава: Немаме уште многу време да ја подготвиме Ханои

Дизајнерот на патеки во Формула 1, германецот Херман Тилке, откри дека организаторите на трката брзаат да се подготват за првата трка во Виетнам која ќе се одржи на 5 Април 2020 година.

Од 1999 година, Тилке е инженерот позади модерни патеки како Сепанг, Бахреин, Шангај, Истанбул и Јас Марина во Абу Даби. Тој исто така ја дизајнираше и новата патека во Остин, Тексас.

Тилке беше одговорен за развој на улични трки како Марина Беј во Сингапур и Сочи во Русија. Моментално ги надгледува подготовките во Виетнам.

Новиот проект во Ханои се надеваме дека ќе биде подготвен за наредната година. Немаме многу време, но навикнати сме на тоа.

Целата патека е комбинација од брзи свиоци и долги правци и ќе биде тешко да се најде добар сетап за тимовите – најави славниот дизајнер.

Изградбата вклучува бокс заедно со помошни објекти. Истата започна во Март годианва и се очекува да заврши до крајот на годината. Тоа остава 3 месеци пред Формула 1 да се појави за првата трка, но организаторите на трката се убедени дека се ќе се одвива според планот во долгорочната иднина на настанот.

Виетнам е вистинска дестинација во вистинско време на вистинско место. Мора да испорачаме успешен настан. Не го правиме ова само за еден настан – изјави Ле Њок Чи, извршниот директор.

Самиот Тилке е нападнат од фановите и експертите за “досадни“ патеки. Тој објаснува дека патеките кои ги дизајнира се ограничени поради постоечките услови.

Никогаш не сме имале празен лист. Секогаш пристигаме на локација која не е наша, мора да ја почитуваме културата и историските традиции. Потоа има и трошоци, а инвеститорите сакаат објект за повеќе намени.

Има многу лимитации, една од нив се безбедносните регулативи кои еволуираа по смртта на Аиртон Сена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ