Во екипата на Ферари имале делумен проблем со тимското радио додека Себастијан Фетел влезе во бокс на Австриското Гранд При, потврди тимскиот шеф, Матиа Биното.
Фетел имаше ужасно прво влегување во бокс на Ред Бул Ринг кога влезе во 21от круг, додека неговите механичари ги немаа подготвено новите пневматици.
Губејќи клучни секунди чекајќи ја екипата, Фетел се врати на патеката сред сообраќај од средината на гридот, губејќи дополнително време кон тие на челните позиции.
Иако успеа да надомести позиции и да се пласира на 4то место, германскиот возач заврши половина секунда позади Валтери Ботас од Мерцедес, кој го освои последното место на подиумот, што покажа дека влегувањето во боксот го чинеше многу.
Биното потврди дека тимот имал проблем со радио комуникацијата и само неколку механичари слушнале дека Фетел ќе влезе во бокс.
Дел од комуникацијата не беше пренесена. Мора да дознаеме што се случи. Ги повикавме механичарите од крај патеката. Некои од нив кои беа поврзани со интеркомот, преку кабел, не беа достапни.
Комуникацијата не стигна до механичарите и тие не беа свесни дека Себастијан влегува во боксот. Има комуникација која се врши во последна секунда, очигледно, а додека ја пренесеме пораката изгубивме драгоцено време, како што видовте на ТВ.