Тод: Состојбата на Шумахер е приватна работа

Жан Тод откри дека здравствената состојба на Формула 1 легендата, Михаел Шумахер е многу приватна и интимна работа.

Сега 50-годишниот германец не е виден во јавност откако имаше несреќа на скијање на Француските Алпи на Божиќ во 2013 година каде беше со синот Мик.

Се верува дека има трајни и тешки последици на мозокот, а само најблиското семејство и најдобрите пријатели имаат пристап до него и знаат детали за состојбата. Жан Тод, првиот човек на ФИА и поранешен шеф на Михаел во Ферари е еден од тиа.

неговата состојба е многу приватна работа. михаел е опкружен со семејството во својот дом помеѓу Женева и Лозана. продолжува да се бори и тоа е единствена работа која можам да ја откријам – изјави тод.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ