Топ листа: 6 најдобри конструктори без титула

Многу производители и конструктори влегле во Формула 1 со некоја цел, некои ја постигале истата, но дел од нив и не. Следува листа на најуспешни конструктори кои никогаш не освоиле титула.

1. БМВ Заубер

Ако се анализираат перформансите на Заубер во последно време, секој нов фан на Формула 1 ќе се посомнева дека швајцарците се нови во спортот и дека ќе мине многу време пред да станат конкурентни. Но, тие имаат одлична историја.

БМВ Заубер беа “сериозен играч“ во 2007 и 2008 година. Екипата завршуваше на 2ро и 3то место во поредокот, а напуштањето на спортот од страна на БМВ во 2009 година доведе до сериозен пад во формата и перформансите на екипата.

Кога Хонда се врати да го оживее легендарното партнерство со Мекларен, фановите се наедваа дека истото може да го стори и БМВ, но баварците покажуваат мал интерес за спортот.

2. Форс Индија

Откупувањето на Спајкер од страна на Виџеј Малиа и Мајл Мол ја роди Форс Индија во 2007 година, што беше трета промена на сопственоста на тимот од Силверстон.

Екипата беше родена како Џордан ГП, една од омилените екипи од средината на поредокот во 1990-тите и 2000-тите години.

Во својата прва сезона како Форс Индија во 2008 година, екипата покажа значително подобрување од 10то место на Заубер година претходно. Одтогаш екипата константно се подобрува и во моментов се најдобри од средината на поредокот.

Лани екипата финишираше на 4то место во поредокот зад големата тројка, а со оглед на нивниот раст, може да очекуваме и дополнителен напредок во годините кои следат.

3. Џордан

Тимот беше основан во раните 1990-ти години од страна на Еди Џордан. Идејата му се родила откако неговиот Еди Џордан Рејсинг победувал во пониските тркачки категории како Ф3000. Во 1991 година, дебитантска за екипата, завршиле на 5то место по конструкторскиот поредок.

Иако потоа се предвидувало екипата да биде конкурентна на средина од поредокот во годините кои следат, тимот се мачел следните две години и финиширал на 11то односно 10то место во 1992 и 1993 година.

Формула 1 легендата Михаел Шумахер своето деби го забележа токму за оваа екипа иако се тркаше за “жолтите“ само на еден настан.

Кон средина на 1990-тите години екипата стануваше сериозен играч, а нивните болиди ги возеа легенди како првакот од 1996 година, Дејмон Хил. Најдобрите резултати ги забележаа во 1998 и 1999 година кога завршуваа на 4то односно 3то место соодветно.

4. Хонда

Хонда во Формула 1 е најдобро позната како снабдувач со мотори, но јапонците во 2005 година решија да влезат со своја екипа. Се здружија со БАР, кој претходно го снабдуваа со мотори.

Хонда беше присутна во спортот три сезони, иако само две беа под официјалното име и нивните болиди беа возени од Џенсон Батон и Рубенс Баричело. Во 2009 година во екот на финансиската криза, Хонда се повлече и му ја отстапи екипата на Рос Браун кој се ребрендираше и освои двојна титула.

Во 2006 година екипата имаше скромни резултати иако на предсезонските тестови навистина ветуваа, а годината ја завршија на 4то место во поредокот. Потоа екипата назадуваше и следните две сезони завршуваа на 8мо односно 9то место. Со оглед на реномето кое јапонците го имаат во Формула 1, заминувањето беше оправдано.

5. Лижие

Лижие влезе во Формула 1 во 1976 година и веднаш завршија на 5то место. Многу брзо потоа, во 1979 односно 1980 година завршуваа на 3то и 3ро место соодветно. Потоа нивната форма не престана да паѓа и беа неконкурентни.  Одтогаш успејаа да стигнат до 4то место во 1981 година, а на 5то место завршвуа во 1983, 1993 и 1995 година.

Веројатно најсјајниот момент за тимот дојде во Монако во 1996 година кога тие победија па пауза од 10 години. Екипата ќе биде многу повеќе запамтена по оваа победа на славното Монако одошто по било кои други перформанси.

6. Алфа Ромео

Алфа Ромео никогаш не било бренд во Формула 1, а веројатно учеството во спортот во периодот од 1979 година до 1985 година е виновно за тоа. Тимот не успеваше да заврши трки и едвај завршија 8ми како најдобар резултат во 1983 година. Многумина во тој период велеа дека Алфа Ромео ги има најлошите болиди во Формула 1 историјата.

На оваа листа се наоѓаат за перформансите кои ги покажуваа пред да почне да се доделува титула кај конструкторите. Имаа двајца возачи шампиони во 1950 и 1951 година и заедно со Масерати се двете екипи кои во својата историја имаат возачки, но не и конструкторски титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ