Торо Росо доби дозвола за промена на име

Барањето на Торо Росо за преименување од следната година кога екипата ќе биде позната под името Скудерија Алфа Таури е прифатено, така што ќе имаме ребрендирање во 2021 година.

Јуниорскиот тим на Ред Бул е на гридот од 2006 година кога гигантот за производство на енергетски пијалоци ги купи неконкурентните Минарди за да ги сместува своите млади возачи од прочуената Академија.

Електронското гласање од страна на членовите во Формула 1 комисијата се случило помеѓу Руското и Јапонското Гранд При со едногласност за промената. Торо Росо, инаку, е италијански превод на Ред Бул (црвен бик).

Од друга страна, Алфа Таури е името на модниот бренд на Ред Бул кои во послендо време го диверзифицираат своето портфолиот на инвестиции. Алфа Таури почна со работа пред две години по главната ѕвезда во Таурус соѕвездието.

Имињата на тимовит едоста често се менуват поради спонзорски причини, но не е реткост нити целосна промена поради различни сопственици. Заубер беше преименуван во Алфа Ромео за оваа година откако италијанскиот производител стана главен спонзор на екипата, додека откако Лоренс Строл ја превзема и спаси Форс Индија лани, ја преименува во Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ