Тост верува дека казната на Квјат е неоправдана

Првиот човек на Торо Росо, Франц тост, изјави дека казната од минување низ боксот, која ја доби неговиот возач Даниил Квјат, била неоправдана.

Русинот имаше контакт во првиот круг со двата болиди на Мекларен, најпрво дојде до контакт со Карлос Саинз, а потоа странично удри во Ландо Норис при што британецот во прв момент остана само со две тркала на асфалтот. Освен казната од минување низ бокс, Квјат “ќари“ и два казнени поени на својата лиценца.

Стјуардите сметаат дека Дани загубил контрола на излезот од кривината број 6 и удри два болиди од својата лева стреана поради што е виновен за предизвикување судар.

оваа казна по мене е неоправдана. норис беше надвор од патеката и се врати на асфалтот многу агресивно, така што даниил не можеше ништо да направи. одлуката на стјуардите не е исправна.

не може ништо да се промени, даниил беше кај стјуардите да го каже своето мислење и јас се согласувам со него затоа што ги прегледав телевизиските снимки со инженерите. не може некој што е надвор од патеката и што се враќа да не биде виновен. што можеше даниил да направи?

Подоцна во текот на трката, за време на редовната промена на гуми, тимот забележа дека неговото предно крило има штета, така што го вратија уште еднаш во гаражата за промена на истото. Откако на тимот му стана јасно дека Квјат нема да стигне до поени, го повлекоа болидот од патеката.

го повлековме затоа што сакавме да заштедиме на килоетража од болидот. правилата велат дека имаме на располагање само три мотори и наместо попусто да го возиме болидот, решивме да го повлечеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ