Тост предвидува: Ред Бул ќе го задржат Албон за 2020

Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, смета дека Алекс Албон нема да се врати во тимот наредната година, откако премина во сениорската екипа на Ред Бул за вториот дел од овогодишната сезона.

Во текот на летниот период, Албон, беше трансфериран да го замени Пјер Гасли по очајните перформанси на французинот во Ред Бул. Гасли се врати во Фаенца покрај уште еден претходно отпуштен возач, Даниил Квјат.

Албон покажа одлични знаци во првите неколку трки за Ред Бул, со пласман на 5то и 6то место, а Тост смета дека тој ќе остане покрај Макс Верстапен следната сезона.

За жал, мислам дека тој е целосно заминат, но никогаш не знаете што ќе се случи во Формула 1. Би се пожалил доколку Ред Бул земаа возачи од надвор. Тогаш ќе имавме сериозен проблем.

Се додека возачите се доволно добри, добро е. Јас сум среќен со тоа. Јас се чувствувам добро доколку возач замине во Ред Бул и победува на трки. Тоа е најдобро. Тогаш знаеме дека сме ја завршиле домашната работа.

Кога младите возачи доаѓаат во Торо Росо, им велам секогаш дека во тој момент почнува животот во моторспортот.

Тие навистина треба да бидат фокусирани и да се концентрираат 100 проценти кон Формула 1. Некои од нив го разбираат тоа, некои не. Ако не го разбираат тоа, тие ќе отпаднат. Толку е едноставно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ