Тост сака останување на Квјат и Гасли

Франц Тост, првиот човек на Торо Росо, изјави дека сака неговите двајца возачи, Пјер Гасли и Даниил Квјат да останат во тимот и следната тркачка сезона.

Екипата од Фаенца веќе доби дозвола да го промени своето име во Алфа Таури следната година, но австрискиот шеф не сака промена кај возачите. Французинот Гасли сеуште се надева дека ќе добие нова шанса во Ред Бул, додека од Милтон Кинс веќе потврдија дека русинот Квјат ќе остане дел од екипата.

многу ми олеснуваат затоа што знаат многу работи и не треба ништо да ги учам. можеби двајцата прерано отидоа во ред бул, а јас често велам дека за мене идеално е да работам со возач три години. поради тоа не им беше лесен трансферот на двајцата.

ќе видиме што ќе одлучи ред бул за нив следната година. двајцата се многу брзи, а ние во тимот сме многу задоволни со нивната работа. јас се надевам дека даниил и пјер ќе останат со нас и во 2020 година, а дефинитивниот избор ќе биде направен по трката во мексимо – изјави тост за француски Auto Hebdo.

Австриецот откри дека Гасли многу брзо се навикнал на Торо Росо по враќањето во екипата.

случајот со пјер беше поинаков од оној со квјат затоа што не замина многу долго од кај нас. кога се врати кај нас и го видов во канцеларијата му реков дека како да било вчера кога последен пат возел кај нас. даниил беше со ред бул многу подолго.

Запрашан дали притисокот во Ред Бул бил преголем за Пјер, Тост одговори:

тешко е за мене да одговорам на тоа затоа што не сум бил таму. можеби не бил удобен во болидот со начинот на однесување на истиот, имаше и два судари во текот на тестовите зимоска и можеби тоа ја нарушило неговата самодоверба.

со свет како формула 1 мора да имате челични нерви особено кога возите против макс верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ