Тост смета дека е прерано за Албон да мине во Ред Бул

Шефот на Торо Росо, Франц Тост, ги отфрли шпекулациите дека неговиот возач, Александер Албон, уште следната година ќе мине во Ред Бул по импресивните овогодишни изданија.

На своите први четири Формула 1 трки, британецот со тајландско потекло покажа импресивни карактеристики, во период во кој Пјер Гасли се мачи во Ред Бул, така што не е ни лудно што медиумите веднаш почнаа да пишуваат евентуален трансферо.

Тост е охрабрен и задоволен со приспособувањето на Алекс во Формула 1, но јасно му е дека на возачот му треба многу повеќе искуство за да во јуниорската Ред бул екипа.

ред бул се посебна лига, тие се тркаат за победи и титули. по мене му требаат барем две или три години за да се навикне на формула 1.

можам да објаснам вака, тој се соочува со нови ситуации на секоја квалификациска сесија во својата прва година. земете го во баку, сонцето низ облакодерите во 2 часот беше поинакво одошто на последната тренинг сесија утрото, грипод беше поинаков, а тој се соочува со такви ситуации за прв пат на квалификациите.

може да кажете дека и догодина нема да знае какво ќе биде времето, тоа е точно, но барем има искуство како да минува низ тротоарите, под кој агол да им приоѓа на кривините, како да реагира со сопирачките, која брзина да ја внесе во кривиата за да побрза со забрзувањето на излезот на најдобар можен начин – смета тост.

Австрискиот тимски шеф смета дека за млад возач може да биде непродуктивно да се премести во врвна екипа многу брзо.

колку повеќе возачот е на патеката толку подобро и побрзо може да се адаптира на нови услов, додека дебитант ги учи сите тие работи. ако потоа мине во врвна екипа, очекувањата од него се различни, притисокот се зголемува. млад возач може да помисли дека може да направи одредени работи, но тоа му се враќа во лице.

може да кажете дека шарл леклер прави супер работа во ферари, но тој беше одличо подготвуван и покажа фантастични перформанси во сите јуниорски класи каде се тркашње.

да повторам, по мое мислење, за добра подготовка на еден возач потребни се две до три години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ