Тото бара отстранување на шиканата на Мистрал

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф. смета дека отстранувањето на шиканата на средина од правецот Мистрал на Пол Рикар многу ќе ја подобри трката.

Неделната трка беше опишана како најздодевна во сезоната, а Тото смета дека забавата на трката зависи во многу од конфигурацијата на патеката каде истата се одржува. За патеката крај Ле Кастелет, тој смета дека треба прилагодувања.

карактеристиките на автодромот се клучни. пол рикар ги има сите потребни делови, се наоѓа на југот од франција, гламурозна е и фантастична, а можеби само и фали доста долг правец односно отстранување на шиканата за да се добие поголем слипстрим и можност за претекнувцање.

мислам дека тоа во многу ќе го подобри шоуто, а за мене главно за во иднина е подесување на патеките за да добиеме атркативни трки – смета волф.

Тото ги посочи Баку и Монтреал како патеки со многу долги правци кои носат многу интересни трки.

ако правилата за 2021 година се во ред во однос на аеродинамилчката ефикасност и турбуленциите тогаш ќе имаме болиди кои ќе изгледаав ново, возбудливо и спортски. исто е и во фудбалот, имате досадни утакмици, имате и интересни.

Директорот за трка во ФИА, Мајкл Маси е против идејата за толку долг правец на патеката, но сепак смета дека промени треба да има, но по внимателна проценка.

мислам дека треба нешто да направиме, како за почеток да ги разгледаме податоците и потоа да донесеме заклучок. идејата “на прва“ е добра, но поместување за дополнителни 500 метри правец мора да има и други последици кои треба да ги размислиме. во моментов сме во ред со конфигурацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ