Тото Волф не верувал во Формула Е

Мерцедес се подготвува за својата прва сезона во Формула Е со фабричка екипа, а Тото Волф откри дека не верувал оти електричната серија ќе преживее и ќе успее да се развива.

Формула Е се наоѓа во својата 6та сезона која ќе почне со трката во Саудиска Арабија во Ноември, а Мерцедес ќе бидат еден од 12те екипи кои ќе се појават на гридот откако открија дека Стофел Вандорн и Ник де Вриес ќе возат за нив. Со тоа, Мерцедес стана единствен производител кој има фабрички екипи во Формула 1 и во Формула Е.

исктрено не верував дека формула е ќе успее. кога алехандро агаг и жан тод ја почнаа серијата јас не им давав многу голема шанса, но ме демантираа и серијата констатно расне, а сега и мерцедес се вклучуваат во неа.

се работи за електрификација, електрични автомобили, можеби сето тоа е сеуште во рана фаза, но серијата е допадлива. тркање низ градовит ее атрактивно и начинот на кој формула е се промовира не е тврдокорен моторспорт, туку е наменета за поширока публика.

повеќе личи на некој вид на фестивал околу трките и целиот тој начин на работа треба сериозно да се сфати, а ние тоа и го правиме – смета тод.

Ланската сезона во електричната серија имаше 9 различни победници, додека Формула 1 годинава има само четворица.

формула е ја научи лекцијата на лошо функционирање предизвикано од комплицирано раководење, а ние во формула 1 стануваме исто така жртва на тоа и свесни сме.

од друга страна, толку голема организација како формула 1 секако дека со себе носи товар на историјата и наследството кое го носи спортот со себе. имаме два милијарди гледачи секоја година и тешко дека можеме да бидеме спонтани со одлуките и да ја раководиме серијата како почетничка компанија.

формула 1 не смее да ризикува и да погреши, можеби стартап сериите можат и превземаат ризик поради тоа, но ние не смееме. формула 1 и формула е се целосно различни серии, одговорности и спротивно наследство и историја.

“Сребрените стрели“ доминираат со врвот на моторспортот неколку години со ред, но во електричната серија се само дебитанти.

има екипи и производители кои се во електричната серија долго време и успешно учеа и го совладуваа сето тоа што се бараше од нив.

ние немаме искуство, учевме со тимот на хва, не би рекол дека ги имавме сите потребни ресурси за да бидеме успешни и на оваа сезона гледаме како на почетна точка за мерцедес. ништо не земаме здраво за готово и не сметаме дека веднаш ќе бидеме водечки.

успесите ќе дојдат со текот на времето. ако се изненадиме себе, може да стигнеме до силни резултати како на пример то п5 пласмани па дури и подиуми и тоа би било прекрасно. но, тоа не се очекувањата на мерцедес за сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ