Тото ги предупреди Ферари за тимските наредби

Тото Волф целосно ја разбира одлуката на Ферари да ги заменат позициите помеѓу возачите на трката во Кина, но, сепак, смета дека тоа може да им направи многу проблеми на италијанците во иднина.

Во кругот број 11, Ферари му јави на Леклер да го пропушти својот колега со цел Фетел да се обиде да ги стигне Мерцедес. Шарл беше фрустриран од таквата одлука и иако ја изврши наребата, негодуваше преку тимското радио. На крајот, тој го загуби и 4то место на кое се квалификуваше вчера.

нивната ситуација беше сложена затоа што сакате да го имате побрзиот болид напред да ги напаѓа вашите противници. себастијан смета дека тој имал побрз болид во тој момент и тие го променија поредокот, тоа ми е јасно.

сепак, кога ќе почнете да ги правите тие работи ситуацијата станува сложена затоа што почнувате да правите преседани кои може да отворат непријатни работи, а потоа секоја трка некој да смета дека е побрз од другиот – објасни тото.

Австрислкиот шеф на шампионската екипа ова го зборува од искуство затоа што долго време ги менаџираше конкурентните Луис Хамилтон и Нико Розберг, но и лани имаше трка како во Русија кога го отстранија Ботас од патот на Луис.

таквите ситуации не се воопшто лесни, сме биле во таква каша со луис и нико, а и со валтери и луис исто така. и денеска имавме ситуација кога се притискаа силно еден со друг и превземаа ризици кои можеше да не чинат трка. тоа не е проблем само на ферари, секоја екипа има таков проблем кога има двајца добри возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ