Тото изненаден од изданието на Ферари

Во пресрет на трката во Кина, Тото Волф беше свесен дека Ферари има предност на правците, но очигледно дека предноста на Мерцедес во кривините била доволна за триумф на “сребрените срели“.

Мерцедес и Волф делуваа исплашено од Ферари во пресрет на трката крај Шангај, а во Петок бројките покажуваа дека Ферари беше 10 километри на час побрз на најдолгиот правец. Сепак, времето по круг беше во корист на Мерцедес.

Стручните аналитирчари забележале дека СФ90 бил многу бавен низ спорите кривини што била главната предност на сребрениот болид на последната трка.

верувам дека нивната предност на правците, особено во првите кругови, беше опасна за нас, а кога се овозможи користење на дрс тоа беше уште подрастично. но, не се ни приближија до нас.

нашиот излез од последниот 13ти свиок на правецот беше одличен и успевавме да направиме доволна предност за да не бидеме стигнати на правецот. сепак, изненадени бевме од таквиот развој на настаните – анализира волф.

Тото верува дека италијанците се сеуште многу силни на правците, но балансот помеѓу праволиниската брзина и брзината низ кривинтие е тоа што е нивни проблем.

секоја екипа треба да најде баланс помеѓу драг силата и нивото на потисна сила. сите сакаат болид со голема драг сила, но во исто време и да не се губи време на правците, а таков баланс е тежок за постигнвуање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ