Тото: Не го отпишувајте Фетел

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, застана во одбрана на својот сонародник во Ферари, Себастијан Фетел и очекува четирикратниот првак да се врати во ритам по серијата грешки на последната трка во Италија.

Себ најпрво пропушти летечки обид во квалификациите за време на фарсата во К3, следуваше губење на позиција на стартот, а потоа и извртување и контакт со Строл при враќање на патеката. Грешките му донесоа казна од 10 секунди, три казнени поени на лиценцата и пласман на 13то место на домашната трка на која сите очекуваа подиум од него. Себ по трката “падна“ на 5то место во возачкиот поредок.

себастијан не смее да се отпише затоа што е четирикратен првак и разликата помеѓу добар возачи и одличен возач е што одличниот може да се врати по криза и грешка. јас немам сомнеж дека тој е одличен.

имаше некоја серија од лоши трки, но знам дека е способен да се врати онаму каде што треба да биде. монца беше само лош ден за него – смета волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ