Тото открива: Болидот беше невозможен за трка

В10 пакетот на Мерцедес едноставно не беше соодветно скроен за Ред Бул Ринг и Австриското Гранд При со температури на асфалтот од над 50 степени.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас биле приморани да не форсираат затоа што моторите во болидот прегревале. Финецот заврши на 3то место по 71 круг, додека Хамилтон финишираше 5ти откако во последниот круг беше минат од Себастијан Фетел.

навистина беше болна трка за нас и се што правевме е лимитирање на штетата. знаевме дека имаме проблем со ладењето на болидот, но проблемот беше полош и поголем од очекуваното.

секогаш се обидувате да имате колку што може покомпактна архитектура и аеродинамичка корист од истата, но компромиси мора да се направат, а нашиот компромис денеска беше силно видлив – појасни шефот на тимот.

Но, додека австриецот не е задоволен од перформансите и резултатите на своите возачи, тој е презадоволен од трката и возбудата која се генерирала.

мислам дека на врвот имаше фантастична трка. од гледна точка на еден фан на спортот, макс и шарл се бореа силно и многу возбудливо. но, ние бевме многу позади и нашата трка не беше забавна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ