Тото открива зошто на Ботас му требало нов инженер

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри зошто Валтери Ботас добил нов инженер на трка за оваа тркачка сезона.

Претходно финецот работеше со Тони Рос, инженерот на Нико Розберг, кој мина во Формула Е програмата, но од почеток на сезоната работи со Рикардо Мускони, дел од тимот на Хамилтон.

секоја формула 1 структура е целосно транспарентна деновиве и нема податоци кои не се споделуваат. никоја организација не може да си дозволи да остане статична.

ние успеавме да ги задржиме талентите со наоѓање на нови позиции за нивни раст и напредок, а во исто време и да не ја нарушиме организацијата како динамички организам и да не предизвикуваме стагнација.

не можеме да им кажеме на нашите луѓе дека се останува по старо без разлика што тие се мотивирани и се забавуваат. поради тоа овој тим никогаш со години не е исти, секогаш ќе има промени, некои видливи, некои не – објасни волф.

Потегот да се даде нов инженер на Валтери за сега е успешен затоа што финецот си ја поврати формата и се носи со Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ