Тото свесен дека ќе им треба огромна предност за да го победат Ферари

Тото Волф очекува многу тешко Сингапурско Гранд При и смета дека единствен начин да го поразат Шарл Леклер е да бидат многу побрзи од Ферари.

Шарл ги изненади Мерцедес и Ред Бул на Марина Беј со одлично време доволно за пол позиција иако малкумина сметаа дека Ферари има перформанси за нешто такво. Хамилтон ќе тргне веднаш зад Леклер, а судејќи по начинот на кој го притискаше Шарл на Монца, следи одлични два часа на временски најдолгата трка во календарот.

Тука е тешко, слично на Монако, можеби не до толку лошо, но тешко се претекнува особено ако сте брз на правците и за тоа ви треба огромна разлика во ритамот. Ние не очекуваме да сме многу побрзи од мерцедес. Свесни сме дека поените се делат на трка, а не на квалификации – најави тод.

Луис победи на последните две трки во Сингапур, а има вкупно четири триумфи низ градот држава. Во Петок ‘сребрените’ имаа предност, но Тото не смета дека истата ќе биде доволна за да се победат италијанците.

јасно е дека зада сте брзи во летечки круг треба да имате загреани гуми, но многу жешки пневматици може да ви наштетат на долга трка.

но, штом сте прв можете лесно да менаџирате со темпото, така што јас би избрал да сум на пол позиција со побавен болид одошто да сум второ место со побрз пакет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ