Тото се дистанцира од челното место во Ф1

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, продолжи да се дистанцира од шефовското место во Формула 1 откако медиумите го прогласија за насјериозен наследник на Чејс Кери.

Луис Хамилтон беше последен во низата кој рече дека Волф не треба да биде шеф на тркачката серија поради тоа што долго време работел за Мерцедес, но потоа се предомисли велејќи дека не бил добро разбрам.

јас го водам мерцедес и навистина уживам да го правам тоа.

јас и хамилтон не сме договорени, така што мислам дека што и да кажал тоа го кажал од срце и тоа е негово мислење, а потоа помислил, сфатил дека избрзал и се предомислил. и тоа е фер.

одлично е што тој размислува како Формула 1 може да биде раководена на најдобар можен начин и мислам дека за тоа ни требаат најдобрите луѓе, но јас сум среќен со мојата сегашна работа – објасни волф.

Коментарите на Хамилтон го поттикнаа Тото да размисли колку се важни мислењата на возачите при решавање на плановите за идната Формула 1.

почнавме да дискутираме и го охрабруваме да доаѓа на состаноците со нас, а беше присутен на состанокот за гумите.

тој е најуспешен возач во формула 1 моментално и има добро мислење. возачите треба слободно да зборуват и да си го кажуваат своето мислење. тие се оние кои го возат болидот и треба да бидат вклучени во создавање на најдобрите правила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ