Тото смета дека Ф1 ризикува повторување на грешките со новите правила

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, смета дека новите правила од 2021 година би биле голем ризик доколку се спроведат спротивно од првичните најави.

По подновените технички правила за оваа година наменети за олеснување на следењето и зголемување на претекнувањето преку поедноставеното предно крило, Мерцедес доминира со 7 победи на исто толку трки сезонава. Волф смета дека треба да се постигне стабилност кај правилата со цел да им се дозволи на екипите да се доближат една до друга.

ако ги погледнете и споредите овогодинешните и ланските правила, тимовите напред ја зголемија предноста и повторно сме назад каде што бевме. мислам дека не смееме повторно да ја направиме таа грешка, но многу е тешко од наша позиција да ни се верува во тоа што го зборуваме.

останатите веруваат дека сакаме исти правила за да си ја задржиме предноста, но всушност тоа е спротивно, сакаме конктинуитет за конвергенција и изедначување на перформансите – објасни волф.

Тото смета дека секоја голема промена на правилата ќе донесе спротивен ефект од она што се очекува, а како доказ ги наведува и денешнтие В6 турбо хибридни мотори.

во минатото, ако една или три екипи се одвојуваат од останатите, веднаш ги менуваме правилата затоа што веруваме дека на тој начин останатите ќе ги стигнат. но, мислам дека се случува токму спротивното. ако ги оставиме правилата стабилни во континуитет, перформансите ќе се доближат.

тоа е очигледно со моторите и мислам дека ако не ги пипаме и шасиите, повеќе екипи ќе се доближат во поредокот. но, во минатото тимовите лобираа за промени затоа шт оверуваа во “коцкање“ за да се стекнат со предност.

Во Канада, само првите петорица возачи завршија во исти круг, додека лани тоа го направија првите 6 возачи на крајот од трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ