Тото: ФИА ризикуваше многу со казната на Фетел

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека ФИА ризикувала да ја отвори “Пандорината кутија“ доколку го прифатела барањето на Себастијан Фетел и Ферари повторно да се разгледува казната од Канада која ги чинеше италијанците победа.

Во Петок стјуардите не беа убедени дека новите докази на Ферари покажуваат дека е направена грешка со казната и поради тоа решија да нема повторно разгледување на донесената одлука од Монтреал. Волф смета дека доколку било дозволено повторно разгледување, тоа ќе ги охрабрело тимовите на слични одлуки во иднина.

мислам дека самиот инцидент направи многу различни погледи и како и многу работи деновиве ги подели мислењата помеѓу луѓето. ако го погледнете инцидентот со неутрален став имаше сосема спротивни гледиште, слично на брегзит.

јас ги почитувам ферари и нивните одлуки, не веламе дека ние не искористивме најмнгоу од казната, но сметам дека е многу важно за спортот да се поддржат стјуардите и да им се даде авторитет. има требаат јасни правила кои ќе бидат секогаш применувани и ќе бидат носени константни одлуки на патеката.

стјуардите се во мнгоу тешка позиција затоа што мора да носат одлуки кои некогаш се многу вважни, а ние мораме да ги поддржиме во тој процес. ризикот беше да се отвори пандорината кутија со ревизија на овие казни што не смее да стане вообичаено – објасни волф.

Шефот на Мерцедес смета дека правилата треба да се ревидираат за да им се дозволи на возачите посилно да се тркаат.

тркачот во мене вели дека треба посилно да се тркаме, но понекогаш тоа може да донесе инциденти. примери денеска има, погледнете ја формула е, тие одат предалеку.

но, од друга страна правилата се напишани затоа што во минатото се случувале инциденти и мислам дека фиа и ние како тимови и возачи мораме да ги разбереме последиците на бесмисленото тркање кое може да им наштети на некои луѓе.

мислам дека треба да ги анализираме правилата ид а ги поедноставиме. треба да се запрашаме дали сме подготвени да ги олабавиме правилата за посилно тркање и колку далеку треб да одиме со тоа. да почекаме што ќе донесе 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ