Три екипи поддржуваат скратени предсезонски тестови

Претставници на три Формула 1 екипи ја дадоа својата поддршка кон планот за скратени зимски тестови во 2020 година.

Ф1 догодина ќе има рекордни 22 трки на календаот, откако беа додадени Виетнам и Холандија, што е дополнителен притисок над тимовите и нивните вработени.

Тимовите моментално дискутиираат околу скратени предсезонски тестови наредната година, од 8 на шест дена. Со тоа тестовите ќе бидат поделени во 2 теста со траење од 3 дена поединечно, а кои ќе се одржат во последните две недели во Февруари во Каталуња.

Ендру Грин, техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, истакна дека скратените тестови не само што ќе помогнат при намалување на притисокот над тимовите, туку и ќе доведат до поголема непредвидливост пред почетокот на сезоната.

Јас мислам дека имаме премногу тестирање пред почетокот на новата сезона. Со сета работа во симулаторите, динамометрите, болидите се прилично издржливи, а патеките каде ги вршиме тестовите не се репер за повеќето патеки на кои се тркаме.

Ако навистина сакате да промените нешто, тогаш помалку тестирање ќе помогне. Тоа е добра идеја.

Секогаш го имате непознатото. Тешко е да се симулира се. Мислам дека во поголемиот дел од времето, ако не внимавате, тестовите може да ве збунат повеќе одколку да ви помогнат. А тоа е опасноста од премногу тестови. Мислам дека можеме со помалку. Тестовите се тешки, не е добар начин да се почне сезоната, особено со 22 трки.

Кристијан Хорнер од Ред БУл, вели дека помалку тестирање ќе им помогне на тимовите да ги менаџираат моторите за сезоната и да избегнат дополнителни трошоци.

Ако воведеме 22 трки на календарот, повеќе тимови ќе имаат казни и ќе користат 4ти мотор, така што има логика да се зголеми бројот на достапни агрегати и компоненти.

Можеби наместо да користиме мотори за тестирање, ако имаме помалку тестирање, тогаш ќе имаме слобода со моторите во текот на сезоната.

Од следната трка ќе има цела низа на казни, а само половина од сезоната е. Со уште една дополнителна трка и очекувањето да се вози со 3 мотори е навистина преголемо барање.

Матија Биното од Ферари додаде само дека тоа е навистина нешто што треба да се дискутира, но се согласува дека е одлична идеја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ