Трката во Мексико неизвесна

Трката во Мексико е последниот настан во Формула 1 календарот кој е под закана иако доби награда за најпрестижен настан според ФИА.

По четврти пат промотерите на Мексиканското Гранд При ја добија наградата за најдобри. Мексиканците за прв пат ја добија наградата во 2015 годиа откако се вратија на календарот по две децении.

Дизајнот на патеката поминува низ бејзбол стадионот, а таму се наоѓа и подиумот каде се доделуваат пехарите, нешто што многу “ги бендисува“ фановите.

Оваа година на трката, Луис Хамилтон ја освои својата петта титула, додека Макс Верстапен победи по втор пат. По трката фановите ги забавуваше познатиот ДЏ Армин Ван Бурен. Покрај Формула 1, Мексико е домаќин и на Формула Е трка, а во Јануари ќе биде домаќин и на трката на шампионите. Но, и покрај целиот овој успех трката е под знак прашалник.

Нивниот договор истекува во 2019 година, а новоизбраниот претседател на Мексико, Лопез Обрадор, изјави дека владата нема да подржи продолжување на договорот по 2019 година. Обрадор веќе најави кратење на непотребните трошоци и го продаде луксузниот претседателски авион, а претседателската палата ја отвори за јавноста и ја даде на лицитација.

Како дел од мерките на штедење е и кратењето на трката, но сепак со повеќе информации ќе се излезе до крајот на неделата.

Треба да видиме како да ја решиме оваа ситуација, Но секако нема да се трошат парите на граѓаните за да се задржи овој настан. Во Мексико има многу голем дел од граѓаните кои се сиромашни. Коропцијата во оваа држава дозволи враќање на трката во Мексико. Многу мито е платено за овој настан да се одржи на Ерманос Родригез – изјави Ана Габриела Гевара од Спортската комисија на Мексико.

Британското Гранд При исто така е под ризик откако Силверстон ја активираше клаузулата за прекинување по зголемените трошоци, а несигурност има и иднината на Монца. Либерти Медиа најавија нова трка во Виетнам од 2020 година, но се надеваат и на втора трка во Америка и тоа во Мајами иако имаат потешкотии од локалната опозиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ