Трката на Хулкенберг уништена поради безбедносен мод

Рено имаше нови фрустрации со моторот на Унгарското Гранд При кога нивните надежи за поени исчезнаа откако Нико Хулкенберг се откажа и беше приморан да вози во “безбедносен мод“.

Откако тие се обидоа да надоместат по двојното откажување во Германија, сепак имаа уште едно тешко попладне во Унгарија и Хулкенберг заврши на 12то место, додека Рикардо на 14то.

За Хулкенберг се отиде во погрешна насока откако неговиот мотор беше заглавен во безбедносен мод што ги ограничил неговите перформанси.

Се мачевме со болидот, со контрола на моторот од почетокот на трката, што значеше дека постојано губев 3 десетинки по круг. Тоа ги отежна нештата и едноставно немавме форма за пласман во поени.

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебол, го истакна следното:

Со Нико целевме кон поени, но откако моторот беше во безбедносен мод, не можевме да ја исполниме нашата стратегија.

Даниел имаше добар дуел со Магнусен до последниот свиок, покажа дека е борец кој не се предава. Неговиот став на патеката е инспирација за нас пред летната пауза. Првата половина од сезоната е под нашите очекувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ