ТЦР Европа, Италија: Давидовски со поени ја заврши сезоната

Сезоната во ТЦР Европа првенството заврши со последните две трки во Италија на легендарната Монца, а нашиот претставник, Виктор Давидовски, има повеќе причини да биде задоволен со своето возење.

Претходно во сезоната, на втората трка во Австрија, Давидовски ги освои своите први поени за себе и екипата на PSS Racing Team, а сезоната ја заврши на најдобар можен начин, со нови поени и конечен пласман на 18то место и 15 освоени поени од вкупно 23 екипи.

Во првата трка во Монца, победата му припадна на Жулиен Брише со своето Пежо кој доминираше во трка со конкуренција од 32 автомобили, во која пак Давидовски се пласираше на 15та позиција.

Во втората неделна трка, Давидовски успеа да го подобри своето веќе одлично возење и се пласираше на 13то место. На истата, беше означен и победникот во првенството, Џон Фајлс, кој ја освои титулата со победа, негова трета во сезоната, пред Жулиен Брише.

Конечниот пласман на Виктор Давидовски во конкуренција на возачи е 33то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ