ТЦР Европа, Унгарија: Давидовски до 18то место, Иџе се откажа

Франциско Мора со своето хјундаи победи на втората трка во Хунгароринг во рамките на ТЦР Европа серијата. До второ место, исто така со Хјундаи дојде домашниот возач Даниел Наѓ, додека Хонда со Џорџ Стајлс беа 3ти.

Нашиот Игор Стефановски стартуваше од 17то место, и напредна до 15то уште по првиот круг, но по три кругови се откажа от трката паркирајќи се во гаражата.

Виктор Давидовски имаше повеќе среќа и иако почна од 23та позиција, трката ја заврши на 18то место со 1 минута и 6 секунди заостаток во однос на победникот.

Во генералниот поредок води Ацкона со 112 поени, еден повеќе од Борковиќ, Наѓ е 3ти, а Фајлс 4ти. Иџе е 18ти со 6 поени зад своето име, додека Виктор нема освоено поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ