ТЦР Европа, Хокенхајм 2: Брише победник, Давидовски 23ти

Џулиен Брише од Франција со автомобилот Пежо 308 ТЦР стигна до победа на втората трка во Хокенхајм од ТЦР Европа првенството.

Брише поведе од самиот почеток на трката и не во ниту еден момент не почувствува ризик да ја загуби својата позиција, дури и по рестартот поради излетување и безбедносно возило. На втората позиција се пласираше Урелиен Комте исто така со Пежо 308 ТЦР, додека на трето место заврши 21 годишната Џесика Бекман од Шведска пред нејзиниот брат Андреас Бекман на четвртто место со автомобили Хјундаи и30 Н ТЦР.

Во трката имаше неколку одлични дуели од повеќе автомобили, како на врвот, така и на пониските позиции. Во првата половина при еден таков дуел тројца возачи излетаа од патеката, ситуација која нашиот Виктор Давидовски искусно ја избегна и се искачи на 23то место, стартувајќи од 26та позиција.

Но неколку кругови покасно, тој имаше контакт со еден од возачите што влијаеше над неговиот пласман и падна на 27та позиција. Истиот инцидент беше под истрага од страна на официјалните лица, но тие одлучија да не доделат казна.

Давидовски продолжи со посветено возење и ја заврши трката на 23то место. Трката не ја завршија 5 возачи, помеѓу кои се најде и Душан Боркович кој доби казна од минување низ бокс поради причинување на судар, а круг покасно одлучи целосно да се откаже од трката.

Најбрзиот круг во трката беше поставен од Андреас Бекман со време 1:48.298 во четвртиот круг.

Следните 2 трки во ТЦР Европа првенството се на 8ми и 9ти Јуни на легендарната Спа-Франкошамп во Белгија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ