ТЦР, Унгарија: Иџе и Виктор на 13то и 14то место по првата трка

Душан Боркович стигна до побеа на мошне интересна прва трка на патеката Хунгароринг од Европското ТЦР првенство на ФИА, по голема битка на влажна патека по утринските врнежи на дожд. Македонските претставници, Игор Стефановски и Виктор Давидовски се пласираа на 13то и 14то место.

Србинот од Target Competition, кој победи на двете трки на Пол Рикар во Франција на почетокот на сезоната, стигна до третиот успех со својот автомобил Хјундаи i30N. Во првите три кругови од трката тој го следеше водечкото трио, Џош Фајлс, Микел Азкона и Атила Таси, но го избра вистинскиот момент да нападне додека тројката имаше меѓусебен дуел.

По контакт на Фајлс, кој мораше да застане поради пукнатина во пневматик и Азкона, кој изгуби неколку места, дуелот продолжи помеѓу Таси и Жулиен Бриш. По контакт и двајцата беа елиминирани, Таси заврши во песочниот предел, додека Бриш со казна со поминување низ бокс.

По тие инциденти, Стиан Полсен беше промовиран на втората позиција, а Азкона на трета. Азкона се обиде да стигне до второто место, но се најде сред дуел помеѓу Стефано Комини и Рис Бар, по што за среќа избегна судар и заврши на четвртто место позади Даниел Наги.

Во денешната трка, Стефановски стартуваше од 17та позиција и успеа да надомести 4 за пласман на 13то место со 11,1 секунди позади првопласираниот, додека Давидовски имаше солиден пласман по стартот од 24та позиција и надомести дури 10 позиции во текот на трката за пласман на 14то место и 12,7 секунди позади победникот Боркович.

Втората трка на Хунгароринг е закажана за 8ми Јули, Недела, со почеток во 11:50 по локално време. На пол позиција ќе стартува Франциско Мораон, по обратен редослед од топ 10 во квалификациите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ