Унгарија: Стратегијата на Мерцедес му донесе победа на Хамилтон

Луис Хамилтон стигна до 7ма победа на Хунгароринг откако го мина Макс Верстапен, кој водеше цела трка, на три кругови пред крајот благодарение на фантастичната стратегија од страна на Мерцедес.

Младиот Верстапен кој вчера ја освои својата прва пол позиција не издржа на хард компонентата сите 45 кругови и беше минат од Луис на патеката. Макс стигна до својот прв подиум на Хунгароринг, но и признанието Возач на Денот.

Следуваа болидите на Ферари, Фетел пред Леклер, откако германецот го мина својот колега на два круга пред крајот. Пјер Гасли само 6ти, Валтери Ботас очајно 8ми.

Стартот донесе возбуда откако Валтери Ботас два пати успеа да ги закочи своите тркала, а во борба да не загуби позиција најпрвин имаше ситен контакт со колегата Хамилтон, а потоа и со Шарл Леклер. Тоа го донесе во бокс уште во 6от круг по ново предно крило и хард компонента како замена за само 6 кругови возените медиум. Финецот се врати последен на патеката.

На крајот на првиот круг, Верстапен си го задржа своето лидерско место, по него се наредија Хамилтон, Леклер пред Фетел, откако младиот возач имаше посилен старт од колегата.

Следната возбуда беше во 18от круг кога имаше моќна борба во Торо Росо, Даниил Квјат и Александер Албон меѓусебно си ги изменуваа позициите, никој не сакаше ад попушти, но русинот си го задржа своето 8мо место во тој момент.

Серијата промени на гуми почна во 25от круг откако лидерот Верстапен прв се реши да промени на хард, а три кругови подоцна истото го направи и Шарл Леклер. Луис Хамилтон се реши да влезе по свежи гуми дури во 32от круг и излезе 6 секунди зад Верстапен иако пред боксовите беше во неговата ДРС зона, напаѓаше, но немаше шанси да мине.

Последен од водечките во бокс влезе Себастијан Фетел, дури во 40от круг, а Ферари се решија неговите медиум да ги променат со софт што се исплатеше на крајот бидејќи напредуваше од 4то на 3то место, престигнувајќи го својот колега.

Кругот број 48 беше моментот кога Валтери Ботас сфати дека нема да може да вози цела трка на хард и влезе по нови медиум, излезе на 12то место, а последните 22 кругови доби 4 позиции и освои 4 поени за своето 8мо место.

Хамилтон го напаѓаше Верстапен но никако не можеше да мине иако беше агресивен по што Мерцедес се решија да пробаат алтернативна стратегиј. Во 49от круг го внесоа Луис по свежи медиум, сметајќи дека со такви гуми ќе биде драстично побрз од Верстапен на хард и ќе се борат кон крајот на трката. Штом излезе на патеката актулениот шампион почно да “врти“ моќни кругови по што немаше простор за Ред Бул да ја покријата неговата стратегија затоа што веднаш ќе загубеа позиција.

Луис беше 20тина секунди зад Верстапен во 50от круг, се залепи зад него на 4 кругови пред крајот на во 67от многу лесно, со користење на ДРС го мина на крајот на стартната рамнина.

Фетел откако промени гуми беше доста побрз од својот колега и го мина на два круга пред крајот со еден прилично ризичен потег кој можеше да заврши кобно за црвените.

Единственото откажување го имаше Роман Гросжан во 52от круг кога го паркираше својот Хаас во гаражата.

Зад Ферари како најдобар од останатите беше Карлос Саинз со своето 5то место пред вториот болид на Ред Бул возен од Пјер Гасли. Следуваше стабилниот Кими Раиконен на 7мо место пред Валтери Ботас, а два поени освои Ландо Норис, а до поен дојде и Александер Албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ