Унгарија: Ферари го возврати ударот

Себастијан Ветел стигна до својата 4та победа оваа година, 46та во кариерата и 94ти подиум во кариерата во својата 50та трка возена за Скудерија Ферари. Ова беше 10та победа од последните 11 пол позиции за германскиот возач.

Во исто време, Кими Раиконен стигна до својот 88ми подиум во кариерата за да ја комплетира 83та 1-2 победа за Скудерија и нивна вкупно 718та во историјата. До својот 17ти подиум дојде и Валтери Ботас за комплетирање на победничкиот пиедестал.

На 4то место заврши Луис Хамилтон откако го пропушти својот колега на последниот свиок, а веднаш зад нив беше и Макс Верстапен. Мекларен дојде до двојни поени со 6то место на Алонсо и 10то на Вандорн, а двојни поени имаа и Форс Индија со 8мо и 9то место за Перез и Окон соодветно. Карлос Саинз исто така зема добри поени со своето 7мо место.

Пред стартот, само Даниил Квјат од Торо Росо и Пол ди Реста од Вилијамс беа на софт компонентата, а останатиот грид на црвените и побрзи суперсофт.

Стартот беше возбудлив, а таков го направи кој друг ако не Макс Верстапен. Двата болиди на Ред Бул имаа одличен старт и веднаш излегоа пред Луиса Хамилтон, а топ 3 возачите си го задржаа своето место. Верстапен на првата кривина едвај докочи за да не влета во задниот дел на Кими Раиконен, падна зад Ботас на 4то место, а потоа и зад Рикардо на 5то. Но, премногу незрело се обиде да си го врати 4то место од тимскиот колега и направи голема грешка на свиокот број 2 сопирајќи доцна на ладни гуми, удирајќи во Даниел и завршувајќи ја неговата трка. По три едноподруго подиуми, овојпат австралијанецот не комплетираше нити цел километар на трка. Оваа глупост го чинеше Макс Верстапен 10 секунди кои ги одработи при своето менување гуми.

Судар на првата кривина имаа и Реното на Нико хулкенберг и Хаас болидот на Роман Гросжан по што французинот беше приморан да ја напушти патеката, но никој возач не беше казнет.

Поради отстранување на болидот на Даниел Рикардо од патеката, безбедносното возило беше на истата 5 кругови. Во тие моменти режисерот често го следеше возачот на своето враќање кон гаражата, а секогаш насмеаниот рикардо беше како “бесен рис“.

Трката продолжи мирно и без возбудувања, а Рено во 19от круг реши да ги ротира своите возачи. Хулкенберг беше 14ти, но беше побрз од Палмер кој беше пред него, а британецот без противење ја даде својата позиција на првата кривина.

По петочните сесии Гунтер Стаинер кажа дека ова е најлош ден во кусата историја на Хаас, а неговите механичари само го потврдија тоа во 22от круг кога не го зацврстија тркалото на болидот на Гросжан при промената. Инцидентот е на дневен ред на стјуардите, а казна сигурно ќе има.

Од кругот број 31 до кругот број 34 имаше влегување во бокс од водечките. Прв влезе Ботас, следниот круг Хамилтон, следуваше првопласираниот Ветел, а последен заврши Раиконен.

По менувањето кај водечката четворка, поредокот остана непроменет со тоа што Верстапен кој се реши на многу долга прва серија остана на прво место се до неговото менување на пневматици во 43от круг.

Во овој период феноменален дуел имаа шпанците на гридот, Карлос Саинз со Торо Росо кој беше пред Фернандо Алонсо. Мекларенот беше видно побрз, но Карлос не се даваше во битката од 4-5 кругови пред паралелно да влезат по нови гуми во 36от круг и да излезат со непроменет поредок.

Но, по излегувањето на Алонсо му требаа само два кругови пред во 38от круг да го мине својот помлад колега.

Во 46от круг Перез го мина Палмер за 9то место.

Во 47от круг Мерцедес направи рокада и на првиот свиок го помести Хамилтон на 3то место, а го остави Ботас позади. Преку радиото со кое тимот цела трка се мачеше, на Хам му беа дадени 5 кругови да ги стигне Ферари. Себастијан Ветел во тој момент беше на прво место, но се мачеше со балансот и го забавуваше Раиконен зад себе, кој неколку пати реагираше на тоа преку радиото.Луис не успеваше да нападне, по што тимот му даде уште 5 кругови за да успее да превземе позиција од црвените.

Но, во тие моменти Ботас имаше послабо темпо и му дозволи на Верстапен од 9 секунди негатива да дојде во неговата ДРС зона во моментите кога имаше многу заостанти болиди пред нив.Во 63от круг трката ја заврши Пол ди Реста на кого му беше јавено дека нешто не е во ред со болидот и да го доведе истиот во гаража.

По борба со Кевин Магнусен од неколку кругови, борба полна со допири и блокирање, Нико Хулкенберг мораше да го паркира своето Рено во гаражата на круг пред крајот во моментот кога стјуардите му дадоа 5 секунди казна на возачот на Хаас поради намерно истуркување на Нико од патеката.

Последниот свиок беше возбудлив затоа што Мерцедес се реши да го испочитува договореното и да ги врати возачите во првичниот распоред. Иако Верстапен беше влизу, Хамилтон ја отстапи својата позиција на Ботас и финишираше 4ти.

И по финишот на трката беше интересно затоа што се појави на екраните дека најбрзиот круг на трката го има Фернандо Алонсо на Мекларен. Знак на подобрување дефинитивно.

Себастијан Ветел ја зголеми предноста од 1 поени пред трката на 14 поени во пресрет на летната пауза, додека Валтери Ботас е дополнителни 19 поени зад Ботас. По незавршената трка на Рикардо и 2то место на Раиконен, финецот е на само поен од австралијанецот, додека 50 поени зад Даниел е Макс Верстапен. Холанѓанецот успеа да побегне од Перез кој му го превзема местото пред 2 трки, а потоа следуваат Окон, Саинз и Хулкенберг.

Кај конструкторите, Ферари ја намали негативата на 39 поени, а Ред Бул се комотни на 3то место со 83 поени пред Форс Индија. Следуваат Вилијамс кои имаат само 2 поени предност во однос на Торо Росо, 10 поени зад тимот од Фаенца се Хаас, а американците имаат 3 поени во однос на Рено.

[table id=25 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ