Унгарија: Хамилтон, класа над останатите

Трката за Голема Награда на Унгарија, повеќе вообичаено, не ја понуди очекуваната возбуда на која сите се надевавме уште од самиот старт, а која имавме прилика да ја следиме минатата година. Додека на челните позиции имаше минимални возбуда, неколкумина возачи од пониските стартни позиции имаа навистина брилијантни трки. Воедно, 5та победа за Луис Хамилтон во Унгарија и вкупно 48ма во неговата кариера со што Хамилтон за првпат го превзема водството во генералниот пласман сезонава.

Ред Бул најавија дека имаат одлични перформанси во однос на Мерцедес и дека најголема шанса за изненадување ќе биде претекнување на сребрените стрели во првиот свиок. Даниел Рикардо со одличен старт се приближи до Нико Розберг, кој не успеа да ја одбрани својата позиција од Луис Хамилтон и во првиот свиок веќе беше претекнат од австралиецот. Додека за момент изгледаше дека Ред Бул ја применуваат планираната стратегија, Розберг сепак со одличен маневар од надворешна страна во свиокот број 2 го врати своето 2ро место. Себастијан Ветел исто така имаше солиден старт, но не успеа да претекне ниту еден од водечките 4 болиди. Помалку изненадувачки, сите 22 возачи мошне искусно и внимателно поминаа низ првите неколку свиоци, притоа не предизвикувајќи ниту еден инцидент.

По стабилизазција на позициите по првите неколку кругови, Џенсон Батон беше првиот кој искуси проблем со својот болид и по кратка недозволена комуникација преку тимското радио, британецот мораше да одслужи казна од поминување низ бокс. Неговиот тимски колега, Фернандо Алонсо пак, возеше одлична трка и го задржа Мекларен-от во топ 10.

Кими Раиконен со своето Ферари беше човекот со мисија. По одлични претекнувања на неколку болиди, веќе се најде позади Роман Гросжан на 11та позиција. Искусниот французин сепак одлично ја бранеше својата позиција се до своето прво влегување во бокс. Раиконен, кој ја започна трката со софт пневматици, успешно ги менаџираше до 29от круг, бранејќи се од нападите на Макс Верстапен.

Стратегијата на влегувања во бокс им помогна на неколку возачи, еден од нив, Себастијан Ветел, кој успеа да го претекне Макс Верстапен и да се најде веднаш позади Рикардо во другиот Ред Бул. Позади нив одлична трка имаа и Кими Раиконен и Макс Верстапен за 5та позиција. Во оваа сага од 2 дела, најпрвин Раиконен феноменално се одбрани од Макс по влегувањата во боксовите, за во последните 20 кругови, позициите да се променат. Раиконен беше веднаш зад холанѓанецот, кој во обид да ја одбрани својата позиција, во 2 наврати ја промени патеката на движење, што е недозволено според правилата.

Друг возач кој имаше одлична трка, барем во поголемиот дел, беше Џулион Палмер. Рено ги немаат потребните перформанси за топ 10 пласман, но Палмер со одлично возење беше блиску до последната позиција во поени, земајќи во предвид дека во текот на сезоната почесто го гледаме кон задниот дел на гридот. Сепак, извртување го чинеше одличен крај на неговата трка.

Во текот на трката, забележано беше и новото правило, според кое ФИА ги опоменува возачите за напуштање на ивиците на патеката. Во истото е наведено дека по 3 опомени следи казна од поминување низ бокс.

На чело на гридот, на 5 кругови до крај, страстите почнаа да се покажуваат во 3 дуели, Хамилтон-Розберг, Рикардо-Ветел, Верстапен-Раиконен.

Сепак, на крајот, сите 6 возачи ги задржаа своите позиции. Ова е пласманот по денешното Унгарско ГП:

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-11-ungarija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ