Ферари го поддржаа Џовинаци

Матиа Биното изјави дека возачот на Алфа Ромео и штитеник на Ферари, Антонио Џовинаци ја има поддршката на италијанците и покрај шпекулациите за неизвесноста на неговата иднина и достапноста на искусниот Нико Хулкенберг.

Скудерија го смести Антонио во Заубер како свој возач согласно договоро со Алфа Ромео и му даде цела сезона, но 25-годишникот заврши во поени само во два наврати и заостанува зад перформансите на поранешниот шампион Кими Раиконен.

Џовинаци излета во ограда на претпоследната трка во Белгија, но одлично се врати во игра на домашната Монца финиширајќи на 9то место за најдобар негов пласман.

тој направи грешка во белгија која самата го казни, но на следната трка веќе беше во поени и топ 10 на домашната трка во монца. тој расне и созрева и поради тоа треб да ја добие поддршката која ја заслужува.

во моментов мислам дека тој е смирен и таков треба да остане, поради што треба да ми влееме самодоверба сите во ферари затоа што еден од нашите возачи. антонио има важни трки пред себе каде треба да го потврди својот квалитет. не се работи за тест, но има можност да го покаже својот талент до крајот на сезоната – потврди биното.

Лани италијанецот одработи каок развоен возач на тимот пред да биде потврден во Алфа Ромео. Џовинаци имаше и претходен престој во Заубер кога во 2017 година го менуваше Паскал Верлејн на две трки на почетокот на сезоната.

годинава немаше можност да го покаже својот целосен потенцијал, но мора да с еземат неколку аспекти во прилог. најважно е тоа што две години не беше активен во тркањето.

гледаме дека неговите перформанси на квалификациите константно се подобруваат, многу е блиску до кими, додека на трка сеуште малку заостанува особено во блиските битки. тоа поради недостатокот на самодоверба поврзана со отсуството од тркањето, но сепак трендот му е позитивен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ