Ферари “едноставно заборавиле“ да му кажат на Леклер за казната на Фетел

Ферари признаа дека направиле грешка што не му пренеле на Шарл Леклер околу казната од 5 секунди на Себастијан Фетел на Канадското Гранд При.

Фетел доби казна бидејќи не се приклучи безбедно на патеката откако имаше мало излетување, што го натера Хамилтон да забави и да избегне судар во ѕидот.

Во завршницата на трката, формата на Фетел опадна и му доволи на Леклер да се доближи до двајцата лидери. Но Леклер не бил свесен за казната на Фетел и дека имал можност да заврши на второ место доколку беше доволно блиску до Фетел, за на крајот разликата да биде само 1 секунда.

По трката, тимскиот шеф Матиа Биното, откри дека во хаосот на ситуацијата, немало комуникација до младиот возач.

Не му кажавме. Тоа беше наша грешка. Бевме многу зафатени во боксот и едноставно заборавивме. Требаше да му пренесеме, но не го сторивме тоа.

Запрашан дали ќе направел нешто поинаку доколку знаел за казната за Фетел, Леклер го истакна следното:

Не. Во секој случај притискав многу силно за да ги стигнам.

Видов дека се бореа и видов дека се блиску, а потоа забележав дека сум блиску и брз и се обидов да ги стигнам. Притискав силно така што да се случеше нешто ќе бев уште поблиску. Така што, не, немаше да го променам мојот пристап.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ