Ферари имаат отворена покана за Формула Е

Првиот човек на Формула Е, Алехандро Агаг, изјави дека постои отворена покана за Ферари да се приклучи кон електричната серија доколку италијанците го посакаат тоа во иднина.

Формула Е силно расне од своите почетоци во 2014 година, Рено, Нисан, Јагуар, Ауди и БМВ се веќе дел од серијата со свои фабрички екипи, додека Порше и Мерцедес ќе влезат догодина. Засега Ферари не покажуваат никаков инерес, но предвреме починатиот Претседател на Ферари, Серџо Маркионе, покажуваше интерес.

Агаг откри дека би му посакал добредојде на италијанскиот производител и би ги пречекал со широко отворени раце.

би сакал да дојдат ферари, особено против порше и останатите тимови на гридо. би било голема и одлична борба. да видиме, поканата е отворена.

секогаш ќе имаме трки со ултра моќни болиди кои возат многу брзо, а ферари е токму тоа. тие никогаш не би ја лимитирале својата брзина, но мораат да се адаптираат на иднината и мислам дека таа е електрична – изјави агаг за CNBC.

Алехандро се осврна и на неодамнешшните коментари на Берни Еклсон кој Формула 1 ја опиша како најдобра серија во моторспорт иднината.

секако дека берни е гениј, тој ја создаде денешната формула 1 и има огромна визија за моторспортот. штом тој каже нешто такво, тоа е огромно признание за формула е.

секако дека јас би го посакал берни како инвеститор еден ден, било кога, но во моментов не е меѓу нас. мислам дека пред формула е има рапиден раст, но реалноста е дека сме многу помали од формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ