Ферари и Мерцедес ќе бидат дел од втората сезона на Нетфликс

Двата најголеми и најсилни Формула 1 екипи, Ферари и Мерцедес, ќе бидат дел од втората сезона на популарната Drive to Survive серија на Нетфликс.

Водечките екипи од констукторскиот поредок беа единствени две кои не се појавија во ланската прва сезона на серијалот со изговор дека сакаат целосно да се посветат на борбата за титула. Втората сезона се снима во моментов на Гранд Пти трките.

Радио Монте Карло тврди дека двете врвни екипи потпишале договор за второто продолжение од серијалот, а истото било сторено за време на тркачкиот викенд во Барселона.

Да потсетиме, ѕвезда на првата сезона беше Гунтер Стаинер со своите искрени коментари и не многу внимавање на јазикот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ