Ферари мора да реагира на заканата на Ред Бул

Ферари мора да се поправи за да се справи со подобрениот Ред Бул, сметашефот на тимот, Матиа Биното.

Иако се очекуваше да се бори со Мерцедес за титулата, Ферари сеуште нема победено на ниту една трка, а Ред Бул триумфираа со моторот на Хонда во Австрија.

Ред Бул имаше подобро темпо од Ферари и во Британија на патека на која претходните сезони имаа доста проблеми.

Тие сигурно се подобрија ако ги гледаме последните две трки. Мислам дека нашите пакети се блиску и тоа се покажа.

Кој е втор? Мислам дека сме многу блиску. тоа што не води напред е тоа дека ќе бидеме подобри и ќе се бориме за прво место на секоја наредна трка.

Тоа не беше така во последните трки што е разочарувачки. На квалификациите очекуваме добар резултат, но темпото за трка треба да се поправи – смета биното.

Ферари е во предност кај конструкторите во однос на Ред Бул со 52 поени позитива, но заостанува од Мерцедес со големи 164 поени.  И покрај пол позициите на последните трки Ферари, не успеа да оствари ниту една победа. Шарл Леклер е единствениот со пол позиција во Ферари сезонава, додека Себастијан Фетел има проблеми на квалификациите.  Германецот нема стартувано повисико од 6та позиција на последните три трки и призна:

Болидот е подобар на трка и очигледно нема потреба да го менувам. На квалификации не можам да извлечам максимум и тоа е очигледно. Верувам во гумите и во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ