Ферари најмногу “ќе ќари“ од наградниот фонд

Ферари ќе добие најмногу од наградниот фонд за постигнатите резултати и покрај тоа што Мерцедес се двојни прваци, односно италијанците треба да инкасираат 205 милиони долари, односно 28 милиони долари повеќе од “сребрените стрели“.

Најголема промена во однос на примените награди ќе има кај Хаас кои ланската сезона ја завршија на 5то место, додека Вилијамс кои имаа очајна сезона ќе инкасираат само 10 милиони долари помалку од американците и 8 милиони долари повеќе од Торо Росо кои ја завршија сезоната пред нив.

Распределбата на колачот од над една милијарда долари се прави со користење на три категории, првата е по 35 милиони долари фиксно за секоја екипа за завршување на сезоната, но тоа сеуште не се однесува на Рејсинг Поинт. Вториот дел се однесува на нивниот пласман лани, од каде Мерцедес ќе земат 66 милиони долари, а Скудерија 10 милиони долари помалку.

Последниот е бокус каде Ферари поради учество во спортот од самиот почеток ќе добие 73 милиони долари, што е еднакво на вкупниот износ кој Рено го добива.

  1. Ферари – $205 милиони
  2. Мерцедес – $177 милиони
  3. Ред Бул – $152 милиони
  4. Мекларен – $100 милиони
  5. Рено – $73 милиони
  6. Хаас – $70 милиони
  7. Вилијамс – $60 милиони
  8. Рејсинг Поинт – $59 милиони
  9. Заубер – $56 милиони
  10. Торо Росо – $52 милиони

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ