Ферари негираат проблеми со корелацијата

Од Ферари негираат дека имаат проблеми со корелацијата помеѓу податоците од фабричкиот симулатор и искуството на патеката.

Екипата од Маранело сеуште бара одговори зошто нивниот СФ90 болид не може да се носи со овогодинешниот модел на Мерцедес и почнуваат со експериментирање со аеродинамичките концепти уште викендов во Франција. Италијанцте веруваат дека напредуваат, но медиумите почнаа да шпекулираат дека иамат проблем со корелацијата на податоците, нешто што Матиа Биното побрза да го демантира.

ги чув и прочитав тие шпекулации и ништо од тоа не е точно затоа што ние немаме проблеми со корелацијата. доколку тоа беше случај ќе решевме дел од проблемите со перформансите, но проблемот не е таков и тоа не е вистината за ситуацијата во која се наоѓаме – смета биното.

Ферари не се откажуваат од титула, а Себастијан Фетел смета дека ќе може да се борат со “сребрените стрели“ доколку до трката во Силверстон успеат да дојдат на нивото на Мерцедес.

јасно е дека секоја екипа си го развива својот болид и не знаеме до средина од сезоанта каде ќе бидат сите. мислам дека продолжуваме се подобри да го разбираме нашиот пакет и имаме добри идеи што ќе направиме на следните трки.

тешко е да се суди дали силверстон ќе биде пресвртница, но како што видовме во канада, од патека на патека нашите перформанси се менуваат. очекуваме следните трки повеќе да ни одговараат. знаеме ека треба да се развиеме и да го подобриме болидот и имаме уште трки, но времето “не гази“ и се обидуваме што побрзо да решиме дел од проблемите.

Италијанскиот тимки шеф е јасен дека ќе имаат уште едно големо подобрување на некоја од следните трки, а со малите новини и делови нема да престануваат.

не работиме на втора спецификациај од болидот туку константно го развиваме пакетот во воздушниот тунел и симулаторот во фабриката. штом најдеме било какво подобрување од некоја новина, веднаш ја ставаме во производство и ја носиме на патеката.

нема никаква причина да чекаме на некој нов пакет, затоа што најважно е да го намалиме заостатокот зад мерцедес колку што може побрзо со прогресивен и константен развој.

Во Франција Ферари донесе ново предно и задно крило и ревидирана спецификација на страничните крила и сите тие делови беа тестирани во Петок.

податоците кои ги имаме не се согласно очекувањата и не можеме да бидеме задоволни. поради тоа ќе задржиме само некои делови на болидот.

знаеме дека немаме доволно подобрувања, но како што реков, за нас е многу важно да ја разбереме насоката на развојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ