Ферари не жалат за сезонава затоа што учат од грешките

Од Ферари изјавуваат дека ќе им било многу криво за лошата сезона годинава доколку не учеле константно од грешките, како можност да е подобрат.

По одличната форма во вториот дел од сезоната, Шарл Леклер се искачи до 3то место во возачкиот поредок по четири последователни пол позиции, две последователни победи п орестартот на сезоната, серија прекината со победа од Себастијан Фетел.

Константниот напредок на аеродинамиката се чини вродува со плод откако италијанците се драстично посилни во вториот дел од сезоната, по што и Мерцедес заостана зад нив.

нема никаква смисла да се жалиме за сезонава каква што е. треба да продолжиме кон напред и да гледаме пред себе. имавме лоши перформанси на моменти и не ги остваривме очекувањата, но научивме многу од тоа.

најважно за нас е да напредуваме и да учиме од грешките, но во исто време ида бидеме сигурни дек анема да се повторат. би жалеле доколку не научевме од тоа, а мислам дека сите научија и раснеме како екипа – смета биното.

Фантастичните перформанси на СФ90 на крајот од сезоната не се доволни да го надоместат пропуштеното од првиот дел. Неделава Леклер може и теоретски да биде исклучен од борба за титулата, а за да не биде така, треба да освои повеќе поени од Луис Хамилтон.

треб да се фокусираме на секоја трка поодделно за да ги оптимизираме резултатите на секоја трка. само на крајот на сезоната можеме да повлечеме линија и да видиме што сме направиле.

би било одлично да сме подобри од лани затоа што тоа ќе покаже дека каок екипа напредуваме. имавме лош почеток на сезоната, тешко е да бидеме посилни од лани, но не е невозможно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ