Ферари размислуваат: Нетфликс или Еспортс

Шефот на Ферари, Матиа Биното, сеуште размислува дали тимот да соработува со Нетфликс или со Еспортс.

Првата сезона од Drive to Survive продуцирана од Нетфликс беше голем успех, иако Ферари и Мерцедес не учествуваа во истата. Исто така, тимот од Маранело е единствен надвор од Еспорт официјалната Формула 1 серија. И покрај тоа што велат дека во моментов имаат поголеми проблеми, сепак размислуваат дали да се насочат кон документарецот на Нетфликс или кон Еспортс официјалната серија.

 двете се интересни програми, но ние како ферари лани не учествувавме. размислуваме во моментов, не сме донеле одлука и тоа е нешто што треба да го направиме следните неколку недели.

мислам дека и еспортс и нетфликс се одлични програми. еспортс привлекува интерес и сериозно размислуваме на тоа. не сме целосно посветени на ниту една страна, но разговорите и преговорите се во тек и многу скоро ќе донесеме одлука – најави биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ