Ферари се најбрзи на сите правци

Брзините на мерните места по патеката Барселона-Каталуња покажуваат интересни работи во однос на сетирање на болидите.

Во текот на викендов повторно Ферари беа тие кои возеа најголеми брзини со својот СФ90 болид на правците, но Мерцедес беа тие кои најбрзо “го вртеа“ кругот.

Просечно, Шарл Леклер и Себастијан Фетел беа по 5 кмч побрзи од конкурентите во сребрените болиди на мермите точки, но времето го губеа на кривинтие.

Првиот и вториот сектор се местата на кои возачите на Ферари целат да бидат најсилни и да ја нарушат хармонијата и серијата од 1-2 победи на Мерцедес.

На дното секако дека се Вилијамс, но и Макс Верстапен е бавен што ја потврдува силината на РБ15 низ кривините.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ